Македонија

Возач на мопед во болница, тешка несреќа во Карпош

Возач на мопед во болница, тешка несреќа во Карпош

Вчера, во 11.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот 8 Септември и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Е. О. (29) од Скопје, и мопед, управуван од Д. Х. (53) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Макфакс

На почеток