Македонија

Борисов со честитка до Ципрас и Заев по повод ретификацијата на Договорот од Преспа

Премиерот на соседна Бугарија , Бојко Борисов преку својот Фејсбук профил им честиташе на Ципрас и на Заев за ратификацијата на Договорот од Преспа.

,,Се радувам што можам да го поздравам денешното ратификување на Договорот од Преспа, кој дава можност Скопје наскоро да се приклучи кон НАТО и отвора нова страница во неговите односи со ЕУ, па наскоро ќе можат да започнат преговори за пристапување.

Напорите кои вложивме за време на нашето претседателство и потоа, да им помагаме на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашите пријатели од Скопје, денеска даваат резултати. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме, како и досега“, напиша Борисов.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток