Македонија

Груевски: На власт се доаѓа и се заминува, во затвор се влегува и се излегува

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доцна синоќа на Фејсбук објави, како што вели, проглас до неговата партија. Меѓу другото, тој напиша дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на колена, на колена е и Македонија, но и кога ВМРО-ДПМНЕ е силно и исправено, исправена и силна е и Македонија.

„Иако верувам дека и без ова мое предупредување ВМРО-ДПМНЕ нема да го направи спротивното, сепак, сакам да испратам еден проглас до мојата партија, а во врска со политичкиот прогон против мене и политички мотивираната и диригираната пресуда против мене објавена деновиве од Апелациониот (читај: политичкиот) суд во Скопје, поврзана со набавката на безбедносно заштитено возило пред 6 години. Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог“, напиша Груевски, обраќајќи им се на своите сопартијци.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток