Спорт

Наполи ја одби понудата на Ал-Хилал за Виктор Осимен

Наполи ја одби понудата на Ал-Хилал за Виктор Осимен

Италијанскиот шампион Наполи ја одби понудата на Ал-Хилал за напаѓачот Виктор Осимен, пренесуваат италијанските медиуми. Според информациите, саудискиот клуб понудил 130 милиони евра за 24-годишниот Нигериец, но „наполитанците“ ја одбиле понудата бидејќи сакаат да добијат најмалку 200 милиони евра за голгетерот.

dobivaj vesti na viber

Осимен минатата сезона забележа 39 настапи за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи 31 гол и пет асистенции. Тој стана најдобар стрелец во Серија А.

Покрај Ал-Хилал, за него се интересираат и ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но, сепак, сумата од 200 милиони евра што ја бара Наполи ги одвраќа од намерата да го реализираат трансферот.

Макфакс

На почеток