Англискиот премиерлигаш Челси добива ново засилување, тоа е стоперот Аксел Дисаси. Тој пристигнува од Монако, има 25 години и доаѓа како замена за Весли Фофана, кој ќе отсуствува цела сезона.
Челси за неговиот трансфер ќе плати 45 милиони евра, а Французинот ќе потпише петгодишен договор, со опција за продолжување на соработката до 2029 година.
Тој е третото засилување за Маурисио Покетино, по доаѓањето на Кристофер Нкунку и Николас Џексон, додека Леви Колвил беше вратен од Брајтон на позајмица.
Дисаси треба да ја зголеми конкуренцијата во одбраната, заедно со Тијаго Силва неговиот поранешен соиграч Беноа Бадијашил.
Макфакс
