Хабиб Нурмагомедов вчера го победи Конор Мекгрегор во борбата на векот во ултимејт фајт првенството (УФЦ). Русинот победи во четвртата рунда со давање, односно Мекгрегор беше принуден да се предаде.
По победата Нурмагомедов тргна да се пресметува со тимот на Мекгрегор, по што настана општа тепачка во и околу рингот.