Возач на скутер бил тешко повреден по судир со автомобил, вчера во Кичево.
Според полицијата, со тешки поведи се здобил З.А. (42) од Кичево кој по сообраќајката бил однесен во кичевската болница, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила во 17 часот на улицата 11-ти Септември. Автомобил „мини купер“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.А.(21) од Кичево и скутер „хамачи“ што го упрвувал З.А.
Полицијата извршила увид и ги утврдува причините за сообраќајката.
