Македонија

(Видео) Мицкоски побара да се отфрли договорот од Преспа и да се оди на нови избори

„Заев веднаш да се откаже од договорот со Грција и тогаш ајде на избори па народот да одлучи. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе поддржи создавање на нова обвинителска институција за сузбивање на организираниот криминал и корупција веднаш по завршување на мандатот на постојното политизирано СЈО, но овој пат професионализирано и водено од јавен обвинител избран по пат на консензус на партиите кој ќе работи на случаите на постојното СЈО, а воедно ќе има и можност да ги доиспита незаконски прибавените снимени материјали за кои се тврдеше дека поради кусиот мандат не се испитани. Новото обвинителство ќе го испита и периодот на работење на актуелната Влада и сите афери поврзани со Владата вклучително и нерегуларностите на референдумот, но и сите материјали стекнати од незаконското прислушување кои се однесуваат на Зоран Заев и СДСМ“, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, ако Владата нема што да крие, ќе го прифати ваквиот предлог.

Во врска со пресудата за поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и дали се точни шпекулациите дека некој од власта им нуди нешто на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во замена за амнестија на Груевски, Мицкоски рече:

„Самиот факт што во јавноста постои сомнеж дека некој од Владата тргува со правото и правдината, говори дека во оваа држава ниту има правда ниту има правдина, така што не би го коментирал сето она што во моментов се случува во РМ“, рече Мицкоски.

Мицкоски  повтори дека не барал општа амнестија и дека власта се обидува да го девалвира и да ја дефокусира јавноста.

„Власта непринципиелно лажно ме обвинува дека сум барал и тајно сум преговарал некаква општа амнестија и на тој начин сака да ме девалвира и да ја дефокусира јавноста од сите нејзини криминали. Измислуваа дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО, па потоа дека наводно поддршката од пратениците за Договорот сум ја условулал со амнестија. Ниту сум условувал, ниту сум уценувал затоа што сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните изразена на референдумот“, рече Мицкоски.

Тој ги повтори барањата за избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, Пржинска техничка влада иста каква што имаа СДСМ пред изборите во 2016 година и Анкетна комсија за испитување на нерегуларностите на референдумот.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток