Коментари

Ристиќ: Ова не е живот,оти правдата ви е во кафи, а рак се фаќа како грипче во зима

Статус на социјалните мрежи од активистката и актерка, Ирена Ристиќ:

“Имате право да умрете”, изјавил некој “доктор”…
Впрочем, тоа е и најточната констатација за севкупната состојба!
Тоа е дефиниција на НИШТОТО со кое сме опкружени!
Бидејќи ова не е Живот!
Бидејќи е најзагадено!
Бидејќи е прљаво до бесвест!
Бидејќи рак се фаќа како грипче во зима!
Бидејќи пиете лекчиња од паралелен увоз!
Бидејќи пензиите некој веќе ви ги потрошил!
Бидејќи сме клептоманска нација!
Бидејќи сме Апашанат по уредување!
Бидејќи криминалци со вратоврски ви ги кројат вчера, денес и утре!
Бидејќи бизнисмени во мантии ви се врската со Бога!
Бидејќи ПРАВДА, е уствари кафиќ!!!
Бидејќи 50% од младите се неписмени!
Бидејќи Џипериииии ви ги едуцираат децата!
Бидејќи се зрачи со некултура и ароганција!
Бидејќи зборувате, а сега веќе и не се разбирате!

Можам јас и уште…

Одлучете! Ќе умрете?!
Или ќе се борите да Живеете…!

(Малку сум се изнервирал!)

"Имате право да умрете", изјавил некој "доктор"…Впрочем, тоа е и најточната констатација за севкупната состојба!Тоа…

Posted by Irena Ristic on Friday, February 1, 2019

To Top
Close