Над 630 загинати во Мароко, бројот рапидно се зголеми – прво сведоштво од турист за потресот

Од
Објавено на

Мароко ТВ јави дека бројот на загинати во земјотресот достигна 632, а дека 329 лица се повредени, според новинската агенција Ројтерс.
Лорела Палмер, британска туристка на одмор во Маракеш, опиша што се случило кога се случил земјотресот.
„Собата само што почна да се тресе“, изјави таа за BBC News.
Таа се чуствувала како има некој што ги надвиснува ѕидовите во собата до нивната.
„Мислам дека вашиот мозок не регистрира веднаш што се случува додека рамката за слики и креветот не почнат да се тресат“, објасни туристката.
