Некатегоризирани

Што знаеме за земјторесот во Мароко досега и сведоштво: Апокалиптично е се, нема струја, телефонски сигнал..

Над 1.000 жртви има во Мароко. Новинарката Алис Морисон зборуваше за Би-Би-Си од планините Атлас каде лизгањето на земјиштето предизвикано од земјотресот блокираше многу патишта.

„Тоа е апокалиптично“, вели таа, па додаде: „Има карпи насекаде, има масивни дупки, всушност има пукнатина веднаш пред моите нозе што одзема половина од патот“.

Нема струја или телефонски сигнал во нејзиното село, додава таа, па морала да помине 16 километри со велосипед само за да и се јави на мајка си.

Поминаа повеќе од 17 часа откако се случи земјотресот, а бројот на жртвите продолжува да расте.

Еве што знаеме досега:

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Мароко во текот на ноќта, бројот на загинати сега е 1.037, а повеќе од 1.200 луѓе се повредени.

Епицентарот на земјотресот бил во планините Висок Атлас, 71 км (44 милји) југозападно од Маракеш, а се претпоставува дека многу од жртвите се во отсечените села.

Многу луѓе се уште се на улица, премногу се плашат да се вратат во своите домови поради страв од нови потреси.

Властите ги повикаа жителите да даруваат крв бидејќи болниците забележаа прилив на повредени луѓе.

Во Маракеш некои згради се урнаа, а штетата е голема во делови од Медина, место за светско наследство на УНЕСКО.

Светските лидери, вклучително и Британецот Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден, понудија помош за Мароко

На почеток