Спорт

(Видео) Црната серија продолжува: Јапонија ја декласираше Германија

(Видео) Црната серија продолжува: Јапонија ја декласираше Германија

Фудбалерите на Јапонија ја победија Германија во пријателски натпревар со резултат 4:1, со што црната серија на четирикратниот светски шампион ја продолжија на пет натпревари без победа.

dobivaj vesti na viber

Јапонија им го нанесе третиот пораз во контролните натпревари на избраниците на Ханси Флик, бидејќи Германија како домаќин на ЕП 2024 не игра во квалификациите.

Популарните „пантери“ под водство на тренерот Ханси Флик сега имаат едно реми и четири порази во последните пет натпревари. Пред Јапонија беа поразени од Колумбија, Полска и Белгија, а единственото ремизираа против Украина (3:3).

Јасно е дека по новиот неуспех притисокот дополнително ќе се зголеми врз Флик, чија оставка навивачите бараат веќе неколку месеци.

Во Волфсбург Ито во 11. минута ја донесе Јапонија во водство, а во 22. му асистираше на Уеда за 2:1.

Помеѓу двата гола на Јапонија, Сане погоди во 19. минута. Германците на крајот доживеаја дебакл, најпрвин стрелец Такума Асано во 90.,а потоа Танака во 92. минута го постави конечниот резултат.



Макфакс

На почеток