Мароканка од село во провинцијата Чичауа, во близина на Маракеш, ги загуби сопругот и четирите деца во земјотресот што во петокот го погоди Мароко.
„Мојот сопруг и четирите деца загинаа во разорниот земјотрес. Останав сама без ништо“, изјави ожалостената мајка за мароканскиот Канал 1.
„Починаа Мустафа (сопругот), Хасан, Елхам, Гозлан и Елиас (деца). Изгубив се’ што имав, моите најдраги работи. Останав самa. Ова е Божја одлука и судбина“, изјави таа плачејќи.
Според досегашните податоци, загинале повеќе од 2.000 луѓе, a уште толку се повредени, од кои 1.404 се во критична состојба.
Жртви од земјотресот беа пријавени во неколку региони, вклучувајќи ги и провинциите Ал Хауз и Маракеш, како и градовите Уарзазате, Азилал, Чичауа и Тарудант.
makfax.com.mk