Кожуф го браниме со жив ѕид порачаа активистите од „Спас за Гевгелија“.


Кожуф го браниме со жив ѕид порачаа активистите од „Спас за Гевгелија“.
„Граѓаните од Тивешијата, Гевгелиско-Валандовско и од цела Македонија, од 8ми Септември со жив зид ја бранат планината Кожуф од бескорпулозните и алчни македонски олигарси. Направија 100 мали хидроелктрани, овие две на реката Дошница нема да ги направат.
Додека е потребно ние ќе останеме на Кожуф и со жив зид ќе се спротиставиме на неговото уништување. Машините на олигарсите нема да го чепнат Кожуф. И како што рече најстариот активист, осумдесетипет годишната баба Благуна: „ОГИН ДА ГИ ИЗГОРЕ ТИЕ ШТО ПОСЕГНАА ПО НАШИТЕ ВОДИ И ПЛАНИНИ!!!“
Војводата Леонид Јанков од Гевгелиско на турскиот аскер му порача „Јас си имам два патрона……“ Песната Трба Трба Гевгелиска праќа јасна и денес актуелна порака. Ќе ја одбраниме реаката Дошница. Ќе го одбраниме Кожуф. Ќе ја одбраниме Македонија. СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!!! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!“, стои во објавата.
