Свет

Најмалку 40 загинати во еден од најсмртоносните напади во главниот град на Судан

Најмалку 40 загинати во еден од најсмртоносните напади во главниот град на Судан

Најмалку 40 луѓе загинаа, а десетици се повредени денеска во Картум во еден од најсмртоносните воздушни напади врз суданската престолнина, уништена од речиси петмесечната војна.

dobivaj vesti na viber

Војната за власт меѓу армијата предводена од генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и Силите за брза поддршка на генералот Мохамед Хамдан Дагл, која започна на 15 април, досега уби 7.500 луѓе, а раселени се или побегнаа речиси пет милиони лица.

Вистинските бројки се многу поголеми бидејќи многу области на земјата се целосно отсечени од светот, особено Дарфур, кој се наоѓа на западната граница. Ниту една страна не сака да ги објави вистинските загуби.

Утринава армијата започна со бомбардирање, гаѓајќи го јужниот кварт Картум каде што се наоѓа пазарот Куро.

Локалниот комитет на отпорот, една од продемократските групи кои организираат взаемна помош за населението од почетокот на војната, го осуди масакрот.

Ранетите и загинатите постојано се превезуваат во најблиската болница Бачаир, една од последните во главниот град со пет милиони луѓе кои се уште работат.

Бројот на загинати сега изнесува најмалку 40, соопшти одборот.

Судан беше суспендиран од Африканската унија по државниот удар во 2021 година.

makfax.com.mk

На почеток