Свет

Воз удри во луѓе во Барселона, загинаа четири лица

Воз удри во луѓе во Барселона, загинаа четири лица

Најмалку четири лица загинаа во неделата кога беа удрени од локомотива во близина на Барселона додека се обидуваа да ја преминат железничката пруга, соопштија службите за итни случаи.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во 20 часот и 22 минути во Монмел во близина на каталонската престолнина кога седум лица минувале преку шините на забранета локација, соопшти „Ренфе“, државниот железнички оператор.

Три лица починале на местото на настанот, а четвртото лице починало во болница откако доживеало срцев и респираторен застој, соопштија во неделата службите на Итната помош.

Тројца повредени се во болница.

makfax.com.mk

На почеток