Македонија

Иако случајот „Онкологија“ ја тресе јавноста, по цели десет дена ЈО не излегува во јавноста да соопшти детали, вели Стоилковски

Иако случајот „Онкологија“ ја тресе јавноста, по цели десет дена ЈО не излегува во јавноста да соопшти детали, вели Стоилковски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“ и нема ништо официјално од истрагата, истакна дека поминаа 10 дена од случајот „Онкологија“, ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија.

„Иако Онкологија ја тресе јавноста и е прашање од јавен интерес, по цели 10 дена ЈО не излегува во јавноста да соопшти детали со кои сепак нема да го сруши предметот. И по 10 дена истите доктори, истиот персонал работат делуваат на клиниката. Истите партии кои што поставуваат директори на таа клиника се уште се на власт и со тоа може да влијаат на истрагата. И со сето тоа го рушат кредибилитетот на клиниката, се руши кредибилитетот на докторите во целост, се руши довербата кај јавноста и кон здравството и кон институциите и кон државата. Заради ова ЈО има обврска да излезе во јавноста и да сподели сознанија од оваа истрага“, нагласи Стоилковски.

Макфакс

На почеток