„Пациентите и нивните семејства се жалат дека ниту во моментов ја нема потребната современа терапија за сите пациенти кои што имаат потреба. Според најавите оваа терапија требаше да биде и на позитивна листа за овие дијагнози и покрај тоа што четири министри за здравство неколку години по ред ветуваа дека ќе има нова модерна позитивна листа и најсовремени лекови за болните од канцер на истата“, велат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да најде решение директорката се крие зад вработени на Клиниката кои според неа „ќе одлучувале” за терапија“, обвинуваат од Комисијата.
Тие ја повикаа директорката да одговири на неколку прашања: Што има преземено за да има терапија за сите; Зошто се молчи за недостигот на терапија; Кои конкретни чекори ги преземал менаџментот таа како менаџер за да има терапија за сите пациенти кои имаат потреба?
„Пропустите се резултат на системската долгогодишна негрижа која очигледно стана пракса кај повеќе категории пациенти исто како и кај пациентите со цистична фиброза, дијабетичарите и други.
Затоа клучно е прашањето: Кој ќе одговара за нееднаквиот третман на пациентите и свесното поткопување на јавното здравство токму од институциите кои треба да се грижат и обезбедат терапија за пациентите?“, прашува Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Макфакс