Свет

(Видео) Украина повторно зазеде нафтени платформи во близина на Крим

(Видео) Украина повторно зазеде нафтени платформи во близина на Крим

Украинските сили повторно ја презедоа контролата од Русија на неколку платформи за нафта и гас во близина на Крим, објави во денеска украинската воена разузнавачка служба ГУР.

Во објава на „Телеграм“, апликација за пораки, се вели дека силите на Киев повторно зазеле платформи претходно окупирани од Русија.

Се вели дека платформите се окупирани од Русија од 2015 година, која го зазеде и го анектира Крим во 2014 година, а Москва ги користи за воени цели од почетокот на руската целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Русија сè уште не го коментира извештајот. „Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди информациите за ГУР.

„За Украина, повторното преземање на контролата врз платформите е од стратешко значење и како резултат на тоа Русија ја изгуби способноста да ги користи за воени цели“, тврди ГУР во видеото објавено на „Телеграм“.

makfax.com.mk

На почеток