Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи вжештена лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена.
Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала во неделата попладне.
Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата.
Килауеа, вториот по големина вулкан на Хаваите, еруптираше од септември 2021 година до декември минатата година.
Во ерупцијата на тој вулкан во 2018 година беа уништени повеќе од 700 домови.
makfax.com.mk