Македонија

Пановски бара збор со кој може да се опише Македонија: Ако ништо друго во Македонија, странците, особено амбасадорите, уживаат, се што им треба имаат

Микробиологот Никола Пановски, кој воедно е и советник во Град Скопје го искоментира терминот „Вукој*бина“ кој често се користи во Македонија. Тој вели: „Во последно време се почесто нашите “патриоти” го користат овој збор кога сакаат да ја именуваат нашата земја“.

Потоа коментира:

„Секако, зборот е крајно навредлив, но тоа го овозможува слободата на говорот. Сепак, зборот не е на македонски јазик, што секако не е патриотски. Второ, зборот суштински апсолутно не одговара на состојбата во Македонија. Во “Вукојебина”, нема жива душа. Само волци завиваат.

Нема корупција, нема крадци, нема лажговци, нема лажни вести, нема ниту партии, нема навреди. Ако ништо друго во Македонија, странците, особено амбасадорите, уживаат, се што им треба имаат, тоа не би го имале во вукоејебина. Значи, ок, зборот е навредлив и понижувачки, намерата е јасна, но не одговара на суштината, најдете некој друг термин, по можност на македонски јазик“.

На почеток