Македонија

(Видео) Стоилковски: Со 40 милиони евра, наместо лиценци, ќе купеа „трикафта“ за сите пациенти

(Видео) Стоилковски: Со 40 милиони евра, наместо лиценци, ќе купеа „трикафта“ за сите пациенти

Владата и СДС не одговараат зошто се исплаќаат 40 милиони евра за лиценци на фирма избор на Рашковски? Не одговараат ниту зошто по три години продолжуваат да ѝ плаќаат на фирмата избрана од Рашковски иако таа услуга пред три години била 15, а сега 25 милиони евра, реагира на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Молкот, како што вели, не е само обид за гасење на темата, туку и криење можен криминал и, секако, непочитување на јавноста.

„Вчера, споредив дека со парите за изборот на Рашковски ќе се направеше цела нова клиничка болница, денеска ќе направам друга споредба.

Ако, почитувани, со 2.2 милиона евра Владата набави ‘трикафта’ за 8, а потоа уште за 4 пациенти за цела година – со цена договорена во директна спогодба со производителот, тогаш за сите 60 пациенти што чекаат ‘трикафта’ во Македонија би биле потребни 11 милиони евра годишно.

Или, со овие 40 милиони, што Владата сега ги дава на фирма, избор на Драги Рашковски, би се излекувале сите болни од цистична фиброза во Македонија на кои им е потребна ‘трикафта’ во следните речиси 4 години“, рече Стоилковски.

Нема да се навраќам, додаде тој, како и дојде до набавка на лекот во Македонија, дека почина човек и јавноста се крена на нозе.

„Со СДС нема ништо друго, освен порази, скандали, криминали и сиромаштија“, оценува Стоилковски.

Макфакс

На почеток