Нова амнестија: Кои осуденици ќе добијат слобода


Министерството за правда го подготви предлог Законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за кривични дела. Тој е доставен до Влада.
„Амнестија за лесни кривични дела Последна верзија на Предлог законот за Амнестија кој треба да се усвои на наредната седница на Влада“, објави министерот Кренар Лога.
Амнестијата не се однесува за кривични дела ,,Разбојништво” од член 237 став 5 и ,,Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела ,, Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, ,,Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, ,, Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, ,,Примање поткуп” од член 357, ,, Давање поткуп” од член 358, ,,Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за ,,Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик“, објаснија од министерството кое е предлагач на законот.
Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година, ниту на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија. Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.
