Министерот за обединување на Јужна Кореја, задолжен за односите со Северна Кореја, изрази загриженост поради воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија, објави главната јужнокорејска новинска агенција Јонхап.
Изјавата на Ким Јанг-хо дојде еден ден откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со претседателот Владимир Путин на рускиот Далечен Исток.
Ким со Путин разговараше за воени прашања, војната во Украина и можната руска помош за севернокорејската сателитска програма.
makfax.com.mk