Македонија

Продолжува целосната реконструкција на патот Дебреше – Здуње

Продолжува целосната реконструкција на патот Дебреше – Здуње

По завршувањето на изградбата на 1.300 метри канализација, се прават подготовки (тампонирање, нивелирање) за целосно асфалтирање на патот Дебреше – Здуње, кој почнува од страната на Дебреше, извести Општина Гостивар.

Проектот за обновување на патот Дебреше – Здуње вклучува реконструкција на патот долг 1.300 метри, а паралелно со изградбата на патот, во делот Здуње се гради канализација од 1.200 метри.

Набргу ќе заврши целокупното асфалтирање на патот Дебреше – Здуње, а целосната функционализација според стандардите на овој пат значително ќе го олесни сообраќајот на влезните сообраќајници во градот, се додава во соопштението на Општина Гостивар.

Макфакс

На почеток