Воени аналитичари тврдат дека во текот на вчерашниот ден украинските сили напредувале на линијата на фронтот на југот и на истокот на земјата.
Институтот за проучување на војната соопшти дека украинските сили напредуваат во западна Запорожје, јужна Украина и во близина на разурнатиот од војна град Бахмут во источниот регион Доњецк.
Институтот додава дека станува збор за ограничени придобивки јужно од селото Роботин во Запорожје.
Киев веќе десет дена тврди дека ја пробиле главната линија на одбраната, таканаречената линија Суровикин. Проруските сили ја признаа загубата на селото Роботин во областа Запорожје.
Сепак, сè уште нема значајна пенетрација на Украина, а успесите се сведени на мали напредоци на делови од линијата на фронтот.
makfax.com.mk