Свет

Украинците тврдат дека уништиле подморница

Украинците тврдат дека уништиле подморница

Како што истакна Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, во табелата се појави нова ставка, на која се врши процената на руските загуби – подморница.

Се тврди дека заедно со 620 војници и 15 тенка вчера била уништена и една подморница.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека собориле 17 од вкупно 22 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта. Станува збор за беспилотни летала „камикаѕе“ од иранско производство.

makfax.com.mk

На почеток