Пилот на борбениот авион „су-27“ лансирал два проектила на RC-135 Rivet Joint, надгледувчки авион, на 29 септември минатата година, при што првиот проектил го промашил британскиот авион, наместо тоа, дека дошло до дефект, како што тогаш тврдеше Русија. Меѓутоа, сега се покажа дека се случило нешто поинаку.
Во тоа време, британскиот секретар за одбрана, Бен Валас, го призна инцидентот говорејќи пред парламентот дека два руски авиона невнимателно се приближиле на пет метри од британскиот авион – со 30 члена на екипажот – и еден фрлил проектил во близина.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, за состојбата обвини дефект, а Валас, по разговорот со други претставници на руската одбрана, го прифати објаснувањето и повлече линија под инцидентот.
Но, сега три високи западни извори од одбраната со знаење за инцидентот за Би-би-си изјавија дека руските комуникации пресретнати од извидувачки авион на британското воено воздухопловство покажале дека еден од руските пилоти мислел дека добил дозвола да го гаѓа британскиот авион.
Тоа беше откога тој добил двосмислена команда од руска копнена станица, велат изворите.
Друг руски пилот мислел поинаку и опцул својот другар кога го лансирал својот прв проектил ,кој опасно се приближил до извидувачки авион на РАФ.
Според член 5 од основачкиот договор на НАТО, земјите членки се согласуваат дека вооружениот напад врз еден или повеќе од нив „се смета за напад врз сите“.
За време на војната во Украина имаше неколку инциденти меѓу авионите на руската армија и НАТО.
makfax.com.mk