Свет

Хаос во автобус во Белград: возачот закочил, бебе испаднало од количката

Хаос во автобус во Белград: возачот закочил, бебе испаднало од количката

На автобуската линија 94 во Белград, деновиве се случи инцидент во кој беше повредено 4 месечно бебе, пренесуваат српските медиуми.

Според извештаите, бебето при кочење на автобусот испаднало од количката и се здобило со повреди на главата.

Д.М.(33), таткото на бебето, револтиран од тоа што се случило, го скршил стаклото на кабината на возачот, која претходно била заклучена, и се обидел да го нападне.

Повреденото бебе, според написите, добило лекарска помош во болница.

makfax.com.mk

На почеток