Магазин

Латино џез-вечер на Карпошово културно лето

Латино џез-вечер на Карпошово културно лето

Во звукот на латино џез-ритамот, карпошани вчеравечер се забавуваа на вториот ден од Карпошово културно лето 2023. Со интерпретациите на традиционалната кубанска салса-музика, бразилска самба и латино џез-музика, добро познатиот „Тумбао салса бенд“ на свој сопствен начин ја поврза македонската народна музика.

Многубројните хитови беа испеани од главниот вокал на бендот, Билјана Ѓошева, а беше придружувана од љубителите на овој вид музика, а афро-кубанската латино-еуфорија беше загарантирана.

Оваа вечер, на платото „Млечен“, групата ДНК ќе биде задолжена за добра забава на карпошани како дел од годинешното Културно лето „Карпош 2023“.

Макфакс

На почеток