Германецот Јулијан Дракслер може да се смета за нов играч на Ал Ахли од Доха, пренесува Флоријан Плетенберг од германски „Скај спорт“.
Дрексел им ветил на Катарците дека ќе потпише за нив. Во Доха ќе пристигне утре или во сабота. Медицинските тестови се закажани за викендот.
Документите меѓу двата клуба ќе бидат финализирани во наредните денови, остануваат да бидат договорени уште некои ситни детали.
Проблемите со повредите на задната ложа, лошата форма што ја покажа во Бенфика каде играше на позајмица (постигна еден гол на 10 натпревари), беа доволен показател дека Германецот мора да си бара нов клуб.
Пред Дракслер ПСЖ го напуштиј а Меси, Нејмар, Рамос, Верати…
Макфакс