Магазин

Вака изгледа Samsung Galaxy S23 FE

Вака изгледа Samsung Galaxy S23 FE

Се појавија рендери кои дополнително го потврдуваат изгледот на телефонот Samsung Galaxy S23 FE.

Досега во неколку наврати се појавија фотографии кои укажуваат на дизајнот на моделот Samsung Galaxy S23 FE, со дизајн кој е речиси идентичен со моделот Galaxy S23, а сега тоа го потврдуваат и новите рендери.

Телефонот најверојатно наскоро ќе се појави на пазарот, а самите фотографии не откриваат ништо неочекувано и само го потврдуваат она што веќе беше познато.

Врз основа на претходните гласини, Samsung Galaxy S23 FE ќе има 6,4-инчен OLED панел од 120Hz, кој ќе се напојува со чипсет Snapdragon 8 Gen 1 во САД и Exynos 2200 во остатокот од светот.

Сè ќе се напојува од батерија од 4500 mAh, додека на задната страна ќе има систем од три камери, составен од сензори од 50MP (главни) + 12MP (ултрастрани) + 8MP (телефото).

На почеток