Што добива Катица Јанева од измените на Кривичниот законик и најавената амнестија


Измените на Кривичниот законик, но и новиот Закон за амнестија се надеж за сите затвореници дека ќе излезат побрзо од казнено-поправните институции. Меѓу нив е и ексобвинителката Катица Јанева. Таа е осудена за делото злоупотреба на службена положба и овластување. Но таа останува зад решетки.
Сепак, таа и нејзините адвокати ќе бараат начин за да излезе на слобода. Едно од размислувањата е таа да добие условен отпуст. Но измените на Кривичниот законик и амнестијата не ја опфаќаат.
Јанева е осудена на 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување. Пресудата е правосилна.
Поранешната прва обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на 15 јули 2019 година поднесе оставка од својата позицијата во СЈО пред објавување на аферата „Рекет“, а беше приведена на 21 август, по што и беше одреден притвор. На 14 септември Собранието ја разреши Јанева од функцијата во СЈО.
Осомничена беше од 21 август 2019. Таа помина неколку месеци во притвор.
