Македонија

„Кардиолоши завод“ Охрид и „Алкалоид“ со хуманитарна акција во Охрид

ЈЗУ Кардиолошки завод од Охрид денес со хуманитарна акција под мотото „Моето срце – твоето срце“ ги заврши активностите по повод „Светкиот ден на срцето“.

Хуманитарниот настан се спроведе во соработка со „Алкалоид“ и кафе бар „Објектив“ каде во периодот од 12 до 14 часот посетителите можеа да донираат средства за лекување на деца од семејства под социјален ризик.

Вработените во Кардиолошки завод и Здравствен дом Охрид вчера организираа еко акција во која се чистеше просторот кај месноста Свети Стефан.

Оваа еколошка активност се спроведе во рамките на одбележувањe на Денот на Европска Соработка – European Cooperation Day, ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан Охрид во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Охрид како партнери во проектот Heart Safe Cities во склоп на Interreg IPA CBC Programme 2014-2020, на 05.10.2018.


одржа настан под мото: Здраво срце – чиста околина. Целта на настанот е претставување на проектот во кој учествуваат заедно со партнери од Грција. Во наредните две години Заводот ќе биде ангажиран во спроведување на низа активности предвидени во проектот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток