Свет

(Видео) „Ако успееш да поминеш, слободен си“: заробени војници ги терале да шетаат на минско поле

(Видео) „Ако успееш да поминеш, слободен си“: заробени војници ги терале да шетаат на минско поле

На социјалните мрежи се прикажува вознемирувачко видео од погубување воен заробеник во Украина.

Наводно, како што пренесуваат медиумите во регионот, прикажани се војници на една од завојуваните страни, кои ги принудуваат затворениците да влезат во минско поле под закана со оружје.

Според написите, се слуша како војниците му викаат на затвореник што оди низ минско поле велејќи му дека ќе биде слободен ако го помине полето.

Еден од војниците, сепак, не бил задоволен од начинот на кој еден од затворениците се движел низ минското поле, па во еден момент отворил оган кон него, стои во извештаите.

makfax.com.mk

На почеток