Македонија

Уапсен државјанин на Албанија, истепал маж од Гостиварско

Уапсен државјанин на Албанија, истепал маж од Гостиварско

Вчера, околу 15.45 часот, на улицата Беличица во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 24-годишниот К. Р. од Република Албанија, кој половина час пред тоа бил пријавен од 41-годишниот С. Ќ. од гостиварско Чајле дека на улицата Гоце Делчев во Гостивар физички го нападнал, извести СВР Тетово.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.

Макфакс

На почеток