Магазин

X на Маск собира биометриски и други податоци, еве за која цел

X на Маск собира биометриски и други податоци, еве за која цел

X, социјалната мрежа на Илон Маск порано позната како Твитер, го прошири опсегот на податоци што ги собира од своите корисници за да вклучи биометрика, ниво на образование и работно искуство.

Видот на информациите што ќе се собираат и како тие би можеле да се користат го привлекоа вниманието на набљудувачите на технологијата.

„Можеме да ги користиме информациите што ги собираме за да ги обучиме нашите модели за машинско учење или вештачка интелигенција за целите наведени во оваа политика за користење“, неодамна компанијата додаде во својата онлајн политика за приватност.

За која цел?

Сепак, не е сосема јасно кои се тие цели, надвор од автентикацијата и сервисното работење, а дефиницијата на X за биометриските податоци нема специфики.

На пример, Министерството за одбрана на САД ја дефинира биометриката како „уникатни физички карактеристики, како што се отпечатоци од прсти, кои можат да се користат за автоматска идентификација“.

X, исто така, има намера да снима податоци за нивото на образование и работното искуство на своите корисници. Според Х, тие податоци ќе се користат за предлагање работни места. Промената на практиката ќе започне на крајот на септември.

Маск: Само информации од јавен карактер, ништо лично

Маск, кој исто така е сопственик на компанијата за електрични автомобили Tesla и вселенската компанија SpaceX, во јули најави лансирање на нова компанија xAI, „за да се разбере реалноста“.

Сепак, пред неколку месеци тој потпиша отворено писмо заедно со други водечки технолошки пионери во кое повикува да се запре развојот на вештачката интелигенција пред технологијата подобро да се разбере.

Неодамна, Маск објави порака на X која се чини дека има за цел да ги смири корисниците загрижени за личната приватност.

„Само информации од јавен карактер, а не приватни пораки или нешто лично“, напиша тој.

На почеток