Родителите на момчето-херој од Кавадарци кое по сообраќајката се јави на 112, бараат помош за купување на лекови
Денес се вратив од аптека, лековите кои морав да ги купам за сопругот изнесуваат околу 10.000 денари, а јас тие пари ги немам. Во очајна ситуација сме, потребна ни е помош, во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Соња Тасевска од Кавадарци, мајка на осум-годишниот Душан, кој на почетокот на месецот со неговиот татко доживеа тешка сообраќајна несреќа.
-На сметка добивме само 3.000 денари, некои добри луѓе донесоа сокови, смоки и играчки за Душан, низ плач тврди Тасевска.
Жената апелира до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании кои се во можност, да донираат на следната сметка: 300007078447675 Комерцијална банка, со назнака донација за Соња Тасевска, или пак да се јават на нејзиниот телефонски број 075 216-871, доколку сакаат лично да и однесат помош.