Во Ѓорче ќе се прават фешти за „Денот на општината“ – најавен голем концерт

Од
Објавено на

По повод Денот на Општина Ѓорче Петров 20-ти септември и свеченото пуштање во употреба на новата општинска зграда, градоначалникот Александар Стојкоски упати покана до сите да присуствуваат на големиот концерт кој се организира.
Ќе настапат, Александар Тарабунов и Андријана Јанеска, Огнен Здравковски и Сузана Спасовска, како и Наум Петрески.
„Да го одбележиме овој убав ден и да уживаме во звуците на најубавата македонската песна“, напиша Стојкоски.
Концеертот започнува во 20 часот.
