Свет

Силен земјотрес рано утринава ја погоди Италија

Силен земјотрес рано утринава ја погоди Италија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Италија.

dobivaj vesti na viber

Потресот се случи утринава во 5 часот и 10 минути во провинцијата Фиренца, јавува Република.

Како што се наведува, стотици луѓе излегоа на улиците откако се затресе земјата.

„Има многу загриженост, многу луѓе на улиците, но не е забележана посебна штета“, потврди за РАИ градоначалникот на Маради, Томасо Триберти.

Превентивно, сите училишта во Маради денеска ќе останат затворени.

По земјотресот следеше серија од најмалку осум последователни потреси во следните 35 минути. Најсилниот од овие потреси бил со јачина од 2,8 степени, со хипоцентар на длабочина од 7 километри, а се случил на 4 километри западно од Тредоцио, во провинцијата Форли-Чезена, околу 10 километри воздушна линија од Маради.

На почеток