Свет

Ужас во Словенија: Изгоре автобус од Босна и Херцеговина

Ужас во Словенија: Изгоре автобус од Босна и Херцеговина

Во Словенија се запали автобус од Босна и Херцеговина.

Како што пишува порталот „GPMaljevac“, автобусот возел на релација Сараево – Франкфурт.

Пожарот избувнал на одморалиште во Словенија, а причината се уште не е откриена.

За среќа, сите патници успеале да излезат навреме. Во овој инцидент нема повредени.

Имало и прекин на сообраќајот, додека пожарникарите го санираа пожарот. Автобусот како што пренесуваат медиумите, бил целосно опожарен.

На почеток