Свет

Лукашенко: Белорусија не им се заканува на соседите со нуклеарно оружје или со „Вагнер“

Лукашенко: Белорусија не им се заканува на соседите со нуклеарно оружје или со „Вагнер“

Белорусија не им се заканува на соседите со нуклеарно оружје или со единиците на руската паравоена формација „Вагнер“, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Ние не мавтаме со нуклеарно оружје, ниту со единици на „Вагнер“ или што било друго – никому не се закануваме“, рече Лукашенко на церемонијата одржана по повод Денот на националното единство, а пренесе ТАСС.

По разговорите со партнерите од Латвија, Литванија и Естонија на 28 август, полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински побара групата „Вагнер“ веднаш да ја напушти Белорусија и предупреди дека неговата земја и балтичките земји ќе ги затворат сите гранични премини со Белорусија во случај на сериозен инцидент.

Секретарот на Советот за безбедност на Белорусија, Александар Волфович, ги отфрли обвинувањата дека Белорусија станала закана за соседните земји откако ги примила единиците на „Вагнер“ на нејзина територија.

На почеток