Македонија

Тешко повреден мотоциклист по судир со возило на патот во Маврово

Тешко повреден мотоциклист по судир со возило на патот во Маврово

Вчера, во 13.40 часот, на кружниот пат околу Мавровското Езеро, во Маврово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „матиз“, управувано од 25-годишната А. Н. од Скопје, и мотоцикл „кавасаки“, што го управувал 32-годишниот скопјанец Ф. С., и двете со скопски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата мотоциклистот Ф. С. добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар.

Макфакс

На почеток