Свет

Курти за дијалогот во Брисел: Лајчак го претстави српскиот предлог како европски

Курти за дијалогот во Брисел: Лајчак го претстави српскиот предлог како европски

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека се надевал на подобар исход од дијалогот во Брисел и најави стратешки разговори со европските и американските партнери за тензичната ситуација на северот на Косово.

dobivaj vesti na viber

Косовскиот премиер Аљбин Курти и неговиот заменик Бесник Бисљими денеска одржаа прес-конференција во Приштина.

Опозицијата и голем дел од јавноста го обвинуваат Курти дека не го прифатил европскиот предлог кој, како што рекоа, е „добар за Косово“. Но, Курти повтори дека само тој имал конструктивен предлог и упати многу поостри обвинувања против Лајчак отколку против српскиот претседател Александар Вучиќ.

Курти посочи дека Србија немала свој предлог во Брисел, а дека ЕУ, односно Лајчак го „претставиле српскиот предлог како европски“, што тој нема да го прифати.

Курти изјави дека прво сака целосно признавање на договорите од Охрид и Брисел, односно де факто признавање, па дури потоа зборување за технички детали, како што се разговори за формирање заедници со српско мнозинство.

Тој додаде дека „нема да има формирање на заедница без исполнување на членовите од договорот“.

Во овој договор, за кој зборува Курти, има 39 членови, а приоритет според него е де факто признавање и еднаков третман на партиите.

На почеток