Свет

Пронајдени остатоците од „невидливиот“ авион на САД

Пронајдени остатоците од „невидливиот“ авион на САД

Американските воени претставници ги пронајдоа остатоците од воениот авион Ф-35 кој исчезна вчера попладне кога пилотот се катапултираше над Јужна Каролина.

Како што е соопштено, властите ги откриле остатоците од т.н. невидлив авион вреден 100 милиони долари во руралниот округ Вилијамсбург, североисточно од базата Чарлстон.

Пилотот паднал со падобран на безбедно во населбата Северен Чарлстон,  а засега не е познато што ја предизвикало несреќата.

Истрагата е во тек.

На почеток