Македонија

Кривична против прилепчанец, измамил жена од Скопје за 23.000 евра

Кривична против прилепчанец, измамил жена од Скопје за 23.000 евра

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“, извести МВР.

– Пријавениот, лажно претставувајќи се во име на лице од Струмица, преку мобилни апликации довел во заблуда жена од Скопје дека ќе ѝ помогне при купување на три апартмани во Струга, за што во неколку наврати извршила уплата на парични средства во износ од 23.000 евра, но ниту ги добила апартманите, ниту и биле вратени парите, соопшти МВР.

Макфакс

На почеток