„Јутјуб“ му ги суспендира каналите на Расел Бренд да не заработуваат од реклами поради прекршување на нивната политика за одговорност на создавачот.
Видеоплатформата соопшти дека презема акција за да ги заштити своите корисници.
Ова доаѓа откако лондонската полиција прими извештај за наводен сексуален напад во 2003 година по другите наводи против комичарот.
Во текот на викендот комичарот и ТВ-водител беше обвинет за силување и сексуални напади помеѓу 2006 и 2013 година, што тој го негира.
„Доколку однесувањето на создавачот надвор од платформата им наштетува на нашите корисници, вработени или екосистем, ние преземаме акција“, изјави портпаролот на „Јутјуб“.
Во последните години Расел се репозиционира и почна редовно да објавува видеозаписи за духовноста, политиката против естаблишментот и неодамна за НЛО за своите 6,6 милиони претплатници.
Одлуката на „Јутјуб“ да ги блокира неговите извори на приход се однесува на „сите канали што се во сопственост или под управа на 48-годишникот“, потврдија за Би-би-си.
Макфакс