Коментари

Јоци жестоко за Левица: Нека бидат пресреќни ако ги имаат и тие два пратеници, резултати – компир

Политичкиот аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци, јавно ја искоментира тезата дека Левица ќе освои 20 пратеници на следните парламентарни избори, кои треба да се одржат идната година. Таа за ова вели: „Циркуси!“

„На минатите локални во Скопје имаа околу 20.000 гласа [а, ВМРО и СДСМ заедно 200.000]. Сега на Левица им предвидувам помалку. Со оглед дека учествуваат во локална власт, имаат активни директори и заменици од Данела, а како тим – резултати – компир“, пишува Ивановска-Јоци.

Таа додава: „Ма, какви 20 пратеника, гарант 50 ќе имаат, особено откако го посетија гробот на Енвер Хоџа, хо хо…
Ја мислам нека бидат пресреќни ако и тие 2 пратеника успеат да си ги задржат, бидејќи народов веќе ги ,,прочита”.
Иначе, во дилеми сум дали тоа смешно друштвенце знае да води и една крчма, камоли држава“.

Јоци и во минатото била критичар на Левица, поради политиките кои ги смета за погрешни. Таа минатата година за Апасиев напиша дека е детиште и недораснат.

На почеток