(Видео) Теленовелата “бакнеж” уште се игра во Собрание: Маричиќ и Стојаноска уште се убедуваат
Теленовелата “бакнеж” продолжи во Собранието. Вицепремиерот Бојан Маричиќ и пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ ги играат главните улоги. И уште не се знае, дали е пратен бакнеж или не.
“Жалам што премиерот ја напушти салата за да ги види следните реакции на неговиот вицдпремиер. Се надевам дека вицепремиерот ќе остсне мирен на своето столче. Сега се присутни сите пратеници зад мене и можеби затоа бледо не гледате. Излезете вие да кажете како беше, а не премиерот да ве правда. Тој не ве виде како намигнувате и како со усните правите гримаси. Срам сте за Владата, за цела држава! Зошто сега не ми испраќате гримаса? Ајде бидете еден од најхрабрите, зошто молчите, трепнете со едно око да видиме колку сте храбар. Дојдете да не погледнете во очи, лесно е да се праќаат деманти. А да имавте малку срам сега не требаше да присуствувате во салата. Трепнете двапати ако сте киднапирани”, му рече Стојаноска.