Спорт

Остатоците од авионот во кој леташе Сала пронајден на дното на Ламанш

Исчезнатиот мал приватен авион во кој фудбалерот Емилијано Сала леташе од Нант кон Кардиф е пронајден на дното на Ламанш, пренесуваат светските медиуми.
Веста на Твитер ја објави Дејвид Мернс која ја предводеше приватната потрага по исчезнатиот авион.

-Остатоците од авионот во кој леташе Сала со кој пилотираше Дејвид Иботсон се лоцирани , напишал Мернс.

Тој воедно пренесе дека полицијата веќе ги информирала и семејствата на Сала и Иботсон, информира АП.

Авионот исчезна на 22-ри јануари. Полицијата и државните служби имаа потрага која траеше три дена и во која немаа успех. Откако тие прекинаа фудбалскиот свет собра 300.000 евра и беше ангажиран експертот и ловец на бродови Дејвид Мернс, па потрагата продолжи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток